АЈДЕЕ, СРЃАН ЌЕРИМ РАСПАЛИ ПО ГРУЈО И МИЈАЛКОВ: ТИЕ ЈА УПРОПАСТИЈА МАКЕДОНИЈА СО НАЦИОНАЛИЗАМ И АНТИКА, ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е НЕИЗБЕЖЕН!!!

0
1472

Во интервју за Фактор, Срѓан Ќерим, еден од најголемите режимски кучиња, распали по екс режимот од Хрватска?!?!

Договорот е неизбежен 

Во последно време политичари и аналитичари тврдат дека своевремено Македонија ќе загубела помалку на своја сметка доколку порано ги прифатела барањата на Грција. Керим се согласува дека теоретски тоа е така, но дека практично шасните тоа да се оствари би биле помали поради поголемиот национализам и пластот на други отворени и недорешени проблеми.

– Сметам дека во 2005-та имавме најоптимални шанси со побезболни штети отколку сега, но тогаш имавме други прашања за решавање. По мое лично искуство, во 2001-ва, кога јас бев министер за надворешни работи, го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и тоа до сега беше единствен позитивен исчекор кон интеграциите.Треба истовремено на сите да им е јасно дека не постои идеално име кое можеше да се одбере. Еве јас како личен пример, како постојан Претставник на Република Македонија во Обединетите Нации во Њуjорк во периодот 2001-2003 успеав таму да го регистрирам македонскиот јазик, за што сметам дека од сегашен аспект дадов придонес тој да се сочува на хартија, а подоцна како претседател на собранието на ОН ја споменав Македонија под уставно име, за што бев опоменат, но на крајот се сведува се на тоа дека треба да има договор со Грција. Ние долго време ја игнориравме Грција и мислевме дека со нејзино заобиколување може да ги оствариме целите. Но, тој е најстар член на НАТО во регионот и природно е ние политички да се држиме со нив и тие да бидат, на некој начин, наш адвокат – вели номинираниот кандидат за Генерален секретар на ОН од страна на претходната Влада во 2016-та.

Не е коректно се да се префрли на еден грб

Керим вели дека целокупната одговорност за постигнатиот договор за предлогот „Република Северна Македонија“, за чие прифаќање допрва треба да се гласа на референдум, не треба да се префрлува само на еден или двајца поединци, или на одредена конкретна власт.

– Премирот Зоран Заев е најмалку одговорен. Она што сега се случува е резултат на акумулирани грешки и пропусти последните 25 години, особено со антиквизацијата, од страна на досегашните раководства на РМ. Не е коректно се да се префрли на негов грб – вели Керим.

Керим вели дека не размислува за постојано да се пресели во Хрватска.

– Јас навраќам во Скопје, но овде во Опатија климата е многу погодна за моето здравје – додава Керим.