(ВИДЕО) ПОПЛАВАТА ГО ПОГОДИ БИЗНИСОТ, ПРВИЧНА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТАТА Е 15 МИЛИОНИ ЕВРА

0
1125

Сосема нови, неискористени апарати за домаќинство, бела техника и други прехранбени продукти од овој магацин се целосно уништени. Ремзи Исаку вели дека во неговиот магацин сè е уништено, ништо веќе не може да се користи, пренесува ТВ21.

Тој не кажа точна бројка за тоа колкава штета претрпел, но рече дека ништо од стоката не може да се искористи. Според сопствениците, бројот на компаниите кои што работат во оваа зона се повеќе од 20, а штетите се проценуваат на над 15 милиони евра.

„Водата достигна 2 метра. Тука имаме бела техника, сè за домаќинство, порцелан, стакло. 100% е уништена стоката во трите магацини…Имаме информации од менаџерите дека имало над 150 пакети со вредни производи во радиус од еден километар од каде се наоѓа фирмата“, рече Рамзи Искаи од „Реориент“.

Штети од поплавите претрпе и Рамадан Шабани. Тој се надева дека државата ќе му помогне.

„Во овој магацин целосно е оштетана стоката, тешко нешто да се извади од тука и да работи. Се надеваме дека овие снимки што ги правите сега ќе ни помогнат да добие оштета од државата“, рече Шабани.

И Зија Зеќири вели дека дел од стоката која била складирана во магацин, поради проблеми со увозот од Солун, е целосно уништена.

„Порцелан, керамика, разни сервиси за јадење, се целосно уништени. Во текот на еден месец сме истовариле 12 контејнери со стока и сè е уништено во овој магацин. Овој магацин е голем 800 метри квадратни и видос 3 метри што значи дека овде има 2400 кубни метри. Вредноста на оваа стока е над 600 илјади евра“, рече Зија Зекири од „Зимус Компани“.

Поплавата од 6 август го погоди и „С Маркет“. Оттаму велат дека целата просторија од 2000 метри квадратни како што се прехранбени продукти и бела техника. Сопственикот вели дека штетите се проценети на 2 милиона евра. Компаниите побараа од Владата да се состави тело кое ќе направи проценка на штетите и да се преземаат конкретни мерки за помош на поплавените бизниси.

https://www.youtube.com/watch?v=impkNB8_6tY