“Кога се прават договори, секој си го толкува договорот како што сака. Мене ми е важно да се знае дека Албанците не добиваат, а Македонците не губат позиции. Некои велат дека Алтернатива зеле многу места, но тоа не е точно. Далеку сме од оној процент што е договорен со Охридскиот договор. Сега имаме стабилна Влада и стабилни институции” – смета Тачи.
“Таравари и неговата партија сега имаат 3 години да се консолидираат оти им остана само Левица. Сега ќе се отвораат поглавја, а за тоа е важно да има стабилна влада. Очекувам Алијанса полека да исчезнува од политичката сцена, а ДПА ќе се враќа, оти јас бев 60-тиот пратеник пред еден месец”- рече Тачи.