КАРЛ НЕХАМЕР Е ИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АВСТРИСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА И ЌЕ БИДЕ НОВ КАНЦЕЛАР НА АВСТРИЈА

0
1033

Владејачките конзервативци во Австрија го избраа министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер за нов партиски лидер.

Тој ќе го наследи Курц како лидер на партијата и ќе ја предводи коалициската влада со Зелените. Тој ја презема партијата во пад откако Курц се повлече од функцијата канцелар во октомври поради кривична истрага за корупциски дела.

Нехамер рече дека планира да ги задржи централните теми за законот и редот во двата мандати на Курц како канцелар од 2017-та година.

“Мене како нов лидер на Народната партија ми е важно да ги држиме нашите линии, јасно да кажеме што е неопходно кога станува збор за прашањето за миграцијата и азилот, кога станува збор за прашањето за безбедноста на луѓето во нашата земја” – рече министерот Нехамер.

Борбата против корона вирусот исто ќе биде главен приоритет. Австрија е во локдаун бидејќи властите се обидуваат да го намалат притисокот врз болниците кои се борат со сѐ уште високи стапки на инфекција.