ИЗБРАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ГИ ВРШАТ ФУНКЦИИТЕ ДО ИЗБОРОТ НА НОВИТЕ, ЗАЕВ: И ПРЕТХОДНО ИМАВМЕ ПОМЕСТУВАЊЕ НА ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ ВО ДОГОВОР НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ

0
741

“За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17-ти октомври, се поклопува кампањата со пописот и тоа не е добро. Треба да го истуркаме пописот до крајот на септември по што може да почне кампањата. Но ако каже опозицијата 17-ти и сите други партии се согласат, ние сме согласни. Следниот викенд е 24-ти и 31-ви, тие се опциите за октомври” – рече премиерот Заев.

На барање на опозицијата се случи и одложување на изборите од септември за втората половина на октомври.

“Со Мицкоски кога имавме средба, тие побараа одложување на изборите од септември за октомври, договоривме втора половина на октомври, а тоа е 17, 24 и 31 октомври. Јас ги консултирав партиите во државата, начелно сите беа согласни и беше постигнат договор” – рече Заев.

Премиерот Заев нагласи дека одржувањето на изборите по 17 октомври не е противуставно и такви одложувања на изборите се случија во 2004, 2005 и во 2017 година.