ОБВИНУВАЊАТА ЗА ФИЛИПЧЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ПАДНАА ПРЕД ДКСК: ЗЕМЈИШТЕТО БИЛО КУПЕНО ОД ПРИВАТНИ ЛИЦА ВО 2014 ГОДИНА И СЕ ГРАДИ СО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА И СОГЛАСНО ТЕХНИЧКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

0
1190

Државната комисија за спречување на корупција утврди дека во предметот “Шпанско село” против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче поднесено од страна на ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска истакна дека имало конкурентност и електронска аукција за тоа земјиште. Од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош е утврдено дека имотите се купени уште во 2014 година.

“Не е нешто ново што се случува. Исто така и од инспекцискиот надзор извршен од Општина Карпош е утврдено дека објектите горе се градат според одобрение за градење издадено во јули 2017 година, т.е. пред локалните избори. Конструкцијата е изградена согласно одобрената техничката документација, односно основниот проект фаза архитектура, градежништво, водовод и канализација. Од тие причини не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата. Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Се’ е уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапка да запре и предметот да се затвори” – рече антикорупционерката Ивановска.