ФЕЈК ЛЕВИЦА ГЛАСНО СЕ БУНИ ПРОТИВ ГЕОГРАФСКАТА ПРИДАВКА А НЕЈЗИНИТЕ СОВЕТНИЦИТЕ ВЕЌЕ ГИ ПОТПИШАА УВЕРЕНИЈАТА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, МИЛЕВСКИ: ЌЕ ГИ ИСКАРАТЕ ВАШИТЕ СОВЕТНИЦИ ЗА ОВА ИЛИ ЌЕ ГИ ИСКЛУЧИТЕ ОД ПАРТИЈА?

0
1304

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски ја обвини Левица дека ја манипулираат јавноста бидејќи нејзините советници потпишале изјави дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија.

“Бидејќи се силат на Фејсбук од Левица и ја манипулираат јавноста дека нивните советници немало да постапат по укажувањата на Министерството за локална самоуправа, сакам да им одговорам исто така преку Фејсбук. Советниците на Левица, ако не е информиран Президиумот на нивната партија, го прифатија укажувањето на Министерството и ги потпишаа изјавите согласно Уставот и законите во државата и дадоа заклетва дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија. Сега или искарајте ги или исклучете ги, ако сте принципиелни” – објави министерот Милевски.