БОМБАСТИЧНА ИЗЈАВА НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ во писмо до ,,Слободен печат” : Власта ми монтира нов судски процес, сака да ме држи во затвор додека умрам! За инает, ќе живеам 101 година!

0
1250

Рамковски, осуден на долгогодишна затворска казна, во процес со многубројни нерегуларности, достави писмо кое го објави весникот „Слободен печат“.

Објавуваме дел од писмото на Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија, кој веќе 6 години издржува казна затвор:

„На 22.9.2016 година, во вторникот, двајца полицајци, со лисици на рацете, ме спроведоа во судската сала во Судот, за после петнаесет минути судијката да им нареди да ме изнесат од судница и да ме вратат во затворот „Идризово“.

Пролетта 2011 година, во затворот во Шутка, бев сослушан од обвинител, во врска со обвинение против мене од некој си загрепчанец, за измама. Тој во тужбата навел дека моја фирма во Загреб не ѝ платила на неговата фирма за извршени шпедитерски услуги. Тој, исто така, кажал дека не се познаваме, ама во 2008 година од Загреб ми телефонирал во Скопје и јас сум успеал да го наговорам да влезе во ризик и да загуби. Како доказ, нема ниту снимка од разговорот ниту, пак, транскрипт од него.

На обвинителот му објаснив дека немам фирма во Загреб, дека тужителот не го познавам и дека не се сеќавам на телефонски разговор со него. Во Хрватска последен пат сум бил во 2006 година, а тоа може да се провери во пасошот. Таа година со семејството бев на море.

Целото писмо ОВДЕ