“Ако испорачуваме нешто, и Европа мора да испорачува од своја страна. Затоа првата порака е таа: да продолжат процесите, заради тоа што во спротивно се развиваат нон-пејпери и дискусии за нови етнички граници, а тоа е можно само со пушки и со оружје” – рече премиерот Зоран Заев.
“Не ни треба тоа, 21 век е” – рече Заев за Еуроњуз Албанија, додавајќи дека сериозно верува дека ако Европската Унија затајува и ги забавува процесите, се создава плодна почва за стратегии кои што ќе се развиваат во непосакуван правец. Национализмот и шовинизмот го има насекаде во светот, но на Балканот е многу видлив.
“Сите ние имаме посебно национално чувство и топлина во нашите гради, но сите ние сме должни да им оставиме на децата европска иднина. Затоа верувам во онаа обединетост на различностите што е симболот на ЕУ” – порача Заев.