ВЛАДАТА ЌЕ ПОДДРЖИ НАД 2 ИЛЈАДИ УГОСТИТЕЛИ СО 5,7 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ ПРИНУДНОТО ЗАТВОРАЊЕ ОД 21 ДЕН

0
736

Владата на денешната седница усвои одлука со која е овозможена поддршка за вкупно 2204 компании од угостителската дејност, коишто со одлука на Владата беа затворени во периодот од 6 до 27 април, или вкупно 21 ден.

На отворениот повик за финансиска поддршка стигнале 2406 пријави од кои 2204 се целосни, додека 202 апликанти не се со соодветна шифра на дејност.

Вкупниот промет којшто го имаат остварено компаниите во 2019 година изнесуваше 11,83 милијарди денари, додека во 2020 година прометот изнесуваше 8,5 милијарди денари.

Вкупната поддршка на сите компании, врз основа на просечниот месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30% помножен со бројот на денови во кои овие компании беа затворени во април оваа година, изнесува 183.891.911 денари или околу 3 милиони евра.