ЕРДОГАН ПОТРОШИ 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ЗА ДА ЈА ОДРЖИ ЛИРАТА И НЕ МУ УСПЕА: ТЕЖОК УДАР НА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО И ГРАЃАНИТЕ СО КУРС ОД 20 ЛИРИ ЗА ЕДЕН ДОЛАР

0
782

Турската лира се спушти на најниско ниво и за првпат ја помина границата од 20 лири за евро откако претседателот Реџеп Таип Ердоган продолжи со политиката за ниски стапки според исламската доктрина и игнорирајќи ги сите надворешни околности.

Притисокот на претседателот за намалување на каматните стапки од септември ја предизвика најтешката валутна криза во Турција во последните две децении.

Ердоган ја спореди нестабилноста на валутите со нападите врз економијата на земјата од времето на протестите во 2013 година, кои започнаа во паркот Гези во Истанбул.

“Ги намалуваме каматните стапки. Не очекувајте ништо друго од мене. Како муслиман, што и да бара исламското учење ќе продолжам да го правам тоа” – рече тој.

Ова предизвика брзи последици за економијата, брзо намалување на приходите и заштедите на Турците и отежнување на работата на домашните стопански субјекти.