Наместо свечено, во среда навечер вербално и со тупаници завршило отварањето на Месен Штаб во населбата Милково Брдо во Делчево, дознава ,,Народен Глас”.
Како што тврдат присутните граѓани, дошло до физичка пресметка помеѓу наставник во едно општинско училиште и градоначалникот на Општина Делчево, господинот Дарко Шехтански.
Во текот на вечерашниот ден покрај тоа што не одговорил на телефонските повици, градоначаникот бил и во дилема дали да го пријави случајот во МВР (Министерството за Внатрешни Работи).
Нетрпеливоста во редовите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево кулминираше и со петиција против актуелниот кандидат за пратеник, пензионерката Милка Христова.