АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА: ИСТУРИЈА ЦРВЕНА БОЈА ЗА ДА ИСКАЖАТ РЕВОЛТ ОД ПРЕДЛОГ-ЛИСТАТА НА ЛИЦА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ

0
1169

Алијансата за Албанците во револт за предлог-листата за помилувања истури црвена боја пред Министерството за правда. Омер Ајдини од АА рече дека бараат итна оставка од министерот за правда, заменик министерот и сите вклучени во оваа иницијатива за помилување.

“Се наоѓаме пред Министерството за неправда да ја изразиме нашиот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Станува збор за убиецот на малиот Алмир, Бобан Илиќ, за криминалците кои го украдоа државниот буџет од над 17 милиони евра како Сеад Кочан и др. вакви случаи.
Ова е кулминација и повеќе не може да се издржи. Тоа се луѓето кои се спремни да ја згазат крвта на Алмир, нашата крв и само со единствена цел да ги чуваат своите министерски позиции. Пред Министерството за неправда симболично ја фрливме крвта на оние кои настрадаа од овие криминалци, за да ви покажеме дека се подготвени да ја нагазат оваа крв само за да ги бранат своите позиции. Бараме итна оставка од министерот, заменик министерот и целото раководство што ја презеде оваа иницијатива” – рече Ајдини.