ДОДЕКА НЕГОВИ ПОСЛУШНИЦИ И ПРИВРЗАНИЦИ ЛЕЖАТ ПО ЗАТВОРИ, ГРУЕВСКИ ПОЧНА ЛАБАВО ДА СИ ВОДИ БИЗНИС ВО УНГАРИЈА: РЕГИСТРИРАЛ КОМПАНИЈА ЗА БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ И КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ, ПРОДАЖБА НА СТАКЛО И ПОРЦЕЛАН

0
366

Иако азилот во Унгарија му истекува за 3 месеци, екс премиер Никола Груевски почна и официјално да се занимава со бизнис.

Според медиумот 24.hu, Груевски регистрирал своја компанија ICIC Kft. на 15 јули во малото гратче Пецел, недалеку од Будимпешта. Груевски е и формално директор и сопственик на компанијата. Главната дејност на фирмата е бизнис менаџмент и консултативни услуги, но ќе се занимава и со продажба на порцела и стакло. Адресата на новата компанија е исто со адресата на канцеларијата на еден адвокат во центарот на Будимпешта.