СЛУЧАЈОТ СО ПРИТВОРОТ НА ДВОЈЧЕ ОД БИТОЛА Е АЛАРМ ЗА МЕТЛА ВО АПЕЛАЦИЈА: ГОДИНА И ПОЛ Е ВО КУЌЕН ПРИТВОР И АПЕЛАЦИЈА НЕ НИ ЗАСЕДАВА ЗА НЕГОВИОТ СЛУЧАЈ ЗА ДА ГО ИСПРАТИ ВО ЗАТВОР

0
628

Екс градоначалникот на Битола Владимир Талески – Двојче е веќе 1,5 година во куќен притвор по пресудата на Основниот суд-Скопје со која беше прогласен за виновен за случајот Транспортер поради малверзации со превозот на ученици. Иако беше осуден од првостепениот суд на 8 години затворска казна, сепак Талески си седи во станот во Битола формално чекајќи одлука на Апелација дали ќе му ја потврди пресудата или ќе ја заташка.

Во куќен притвор исто така е и екс секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски осуден на 6,5 години затвор. Со ефективни затворски казни (од 2 години и 2 месеци до 3 години) се превозниците кои го вршеле превозот. Условни казни од 5 години за да не го повторат делото добија директорите на школите во Битола.

Апелацискиот суд во Скопје избегнува да и’ даде одговори на јавноста затоа што судијата задолжен за предметот, наводно бил на годишен одмор. Оттаму сепак тврдат дека седницата за Транспортер била одложена поради некакви здравствени причини на еден или повеќе од обвинетите. Седницата е одложена за 31 август, 1 и 2 септември.