КОВАЧЕВСКИ : НЕ Е ИСКЛУЧЕНО НА АМЕРИКАНСКАТА ЦРНА ЛИСТА ДА БИДАТ И АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ

0
468

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека не е исклучено на американската црна листа да се најдат и актуелни функционери.

Ковачевски не даде други информации само додаде дека тој „со истражители не се видел“. На прашањето дали се тоа функционери за кои што Грковска иницираше постапка за утврдување на злоупотреба, премиерот рече дека Грковска не кажала дека поднела кривични пријави туку дека „до неа имало пријави што после таа ги спроведува согласно со нејзините надлежности до надлежни институции“.

На прашањето дали постои можност да се истите, премиерот рече дека не знае.