ДЕМАНТ ОД ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: НИТУ ЕДЕН МИНИСТЕР НЕ ПРИМИЛ ВАКЦИНА ДОСЕГА

0
804

“Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението” – изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија.

Во однос на тоа зошто не се објавуваат јавно лицата кои досега примиле вакцина, Заев рече дека, тие немаат проблем со тоа доколку самиот систем може да ги заштити личните права на граѓаните.