БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ЗАВРШИ ДНК АНАЛИЗИТЕ НА ЖРТВИТЕ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА: СЕ ЧЕКА НА БИОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ ОД РОДНИНИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ

0
954

“За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот Струма во Бугарија” – изјави директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов.

На местото на несреќата, Сарафов и портпаролката на јавниот обвинител, Шијка Милева разговарале со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

“Бугарија очекува Република Северна Македонија да испрати биолошки материјал од роднините на загинатите во опожарениот автобус на автопатот Струма за да се завршат работите на ДНК тестовите” – изјави Сарафов.
Во тек се распити на жртвите и очевидците, но дека сè уште не е јасна причината за експлозијата. Останатите три автобуси се движеле 15-20 минути пред тој што се запали. Во него имало и втор возач но не е потврдено дали е меѓу преживеаните.