ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РЕК БИТОЛА ПРВО ЌЕ СЕ УВЕЗАТ 90 ИЛЈАДИ ТОНИ ЈАГЛЕН ОД АЛБАНИЈА: ЗИМАВА ЌЕ СЕ НАБАВАТ ВКУПНО 810 ИЛЈАДИ ТОНИ ЈАГЛЕН ЗА РЕК И 170 ИЛЈАДИ ТОНИ ЗА ОСЛОМЕЈ

0
1108

“Договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола, а за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона” – изјавија од АД “Електрани на Северна Македонија” (ЕСМ).

“Од 9-те фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во земјава и од регионот, дел од понудите не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација. Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј” – изјавија од ЕСМ.