АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ТЕЧЕ БЕЗ ПРОБЛЕМИ: 95% ОД ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО КОЧАНСКИОТ РЕГИОН ДОСТАВИЈА ДОКУМЕНТИ ЗА СУБВЕНЦИИ

0
1112

Околу 95% од регистрираните земјоделци во кочанскиот регион поднеле барања за добивање субвенции за 2021 година во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Рокот за аплицирање беше продолжен до крајот на јуни и им овозможи на 2663 земјоделци да ја достават потребната документација до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

“Интересот на земјоделските производители беше навистина голем, па и покрај тоа што поради пандемијата работевме со намален капацитет, успеавме да одговориме на нивните барања. Аплицирањето почна на 5-ти април и првично траеше до 31-ви мaj па беше продолжено до 30-ти јуни Дополнителниот рок за пријавување ни ја олесни работата, а истовремено на земјоделците од трите општини Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци им помогна да ги комплетираат своите апликации и да ги достават во нашите канцеларии” – истакна Горан Миладинов, раководител на подрачната единица за земјоделство во Кочани.