ПОСТЕПЕНО НАМАЛУВАЊЕ НА РЕСТРИКЦИИТЕ, ФИЛИПЧЕ: ЌЕ БАРАМЕ ОДЛУКА НА ВЛАДА ЗА ПОЛИЦИСКИ ЧАС 21Ч-05Ч, А ВИКЕНДОТ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ И ВЕЛИГДЕН ДА БИДЕ СЛОБОДЕН

0
710

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето и отворање на летните тераси во сите угостителски објекти.

“Утре, од Владата ќе побараме согласност за овие мерки. Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почнува од 21 часот. За Велигден и Рамазан да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20.30 часот” – рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој образложи дека овие мерки се предлагаат поради очигледното олабавување што се чувствува не само кај нас, туку и во сите околни земји. Намален е бројот на приеми во болниците, од 200 кога сме имале најмногу, вчера имало 69 приеми во болниците, а намален е бројот на пациенти на болничко лекување.