“Колку побрзо и повеќе граѓани се вакцинираат, толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вацинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите пријатели, роднини, баби и дедовци. Разговарајте со оние кои се уште се двоумат дали да се вакцинираат, пренесете им ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме и себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме.”
- ФБ СТАТУС ОД МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ