5 вкусни пијалоци против висок крвен притисок

0
7564

Опасно високиот крвен се симнува, се разбира, со лекови препишани од вашиот лекар. Но во прилог може да се стимулира неговото нормализирање со некои природни средства. Такви се корисните пијалаци. Некои од нив имаат особено корисно влијание против висок крвен притисок. Кои се тие?

Млеко
Калциумот има својство да го намалува крвниот притисок. Затоа полномасното млеко од 3,6% е врвно средство што ги нормализира вредностите на крвниот притисок. Пијте една чаша топло млеко 2-3 пати на ден.

Свеж сок од цвекло
Црвеното цвекло е врвен извор на калиум. Тој е суштински минерал во контрола на крвниот притисок. За хипертензивните обично се препорачува да ја заменат натриумовата сол со калиумова поради оваа причина.
Покрај тоа цвеклото е богато со фолна киселина, која исто така придонесува за регулирање на крвниот притисок.

d0453928b7cb19aa3dcd585ef6d6605e

Чај од хибискус
Чајот од хибискус е богат со ACE-инхибитори, кои се користат во фармацевтската индустрија за третман на хипертензија и срцева слабост. Хибискусот е богат со природниот еквивалент на овој инхибитор. Оваа билка е мирисна и со многу пријатен благо кисел вкус.

Свеж сок од калинка
Калинката е вистински небесен плод. Тој е корисен за многу проблеми, вклучително и против висок крвен притисок. Свежиот сок од калинка е богат со истите овие инхибитори, супресанти за ензимите кои предизвикуваат високи нивоа на крвниот притисок. Сокот од калинка има уште својство да  ги отстранува плочите на садовите и да ги проширува. Тоа ја подобрува циркулацијата и го намалува крвниот притисок.

ee8e457557a2134f470cfb035be11d09

Сок од брусница
Неслучајно црвените плодови и зеленчук имаат слични својства во однос на крвниот притисок. Во црвените бои се содржат корисните материи, го регулираат крвниот притисок. Ова се однесува и за боровинката. Сокот од неа намалува крвниот и стимулира зајакнување на ѕидовите на крвните садови.