КОВАЧЕВСКИ : ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА ОД 30.000 ДЕНАРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ ЈА ИЗГРАДИЈА ОВАА ДРЖАВА

0
46
За нашите пензионери кои ја изградија оваа држава ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари во новиот мандат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.
Изборот е кристално јасен. На 8-ми мај одлучувате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање назад со ДПМНЕ, потенцираше Ковачевски.
 
Јас ветувам, завет давам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината. СДСМ и Коалицијата за европска Македонија имаат конкретен план. План за обезбедување европска иднина за граѓаните, за уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди, рече Ковачевски.
 
Тоа ќе го потврдиме со формирањето на новата проевропска Влада по двојната победа на 8 мај на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, порача вечерва во Гевгелија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.