ШОКАНТНО : УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЧОВЕК СИ ГО УБИ СВОЈОТ ТАТКО СО ПИШТОЛ

0
571

Убиство во Скопје: Син го застрелал татко си со огнено оружје.

Вчера во 21.00 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(33) од Скопје, постапувајќи по пријава околу 12.50 часот според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И.(62)., информираат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и повреди од огнено оружје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а покрај починатиот биле пронајдени неколку чаури.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Овие неколку денови беа актуелни многу вакви злостори каде родител убива свое дете или обратно, ова е како некаква криза во општеството, за ова ќе треба да се истражува каде е коренот на вакви чудни појави кои се невообичаени, обично има убиства меѓу брачни другари каде љубовта исчезнала или пак поради љубомора, но да поседнеш по своите родители или по своите деца тоа е невидена психопатологија, дали е ова проблем со ментални болести или проблем со дроги?!