КОВАЧЕВСКИ : ГЛАСАЊЕТО НА 8-МИ МАЈ ПОЧНУВА ОД НУЛА, ГЛАСАЈТЕ ОДГОВОРНО И СОВЕСНО

0
66
„Гласањето на 8-ми мај почнува од нула, а иднината на вашите деца и внуци е во ваши раце“, им порача на граѓаните, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Скопје.
Ги повика да гласаат совесно и одговорно затоа што гласањето на избори е најмоќниот демократски инструмент во рацете на граѓаните, но во исто време одлуката кого ќе поддржат со себе носи голема одговорност.
„ Пред да го заокружите бројот, убаво размислете каква иднина замислувате за Македонија, каква држава сакате за вас и вашите деца. Не дозволувајте врз таа одлука да влијаат евтините дневно-политички ветувања и националистички наративи на ДУИ и на ВМРО – ДПМНЕ. Погледнете ја големата слика, визуелизирајте како ќе изгледа државата по четири години ако довербата ја дадете на проевропска партија, а како ако гласате за наследниците на последниот автократ во Македонија.  “, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ вети пред граѓаните дека тој и неговите соборци од СДСМ и Коалицијата за европска иднина се подготвени да се борат до последен здив Македонија да стане модерна и развиена европска држава.
„ Стигнавме многу далеку. Од заробена држава со угнетени медиуми, истепани студенти по библиотеки и плоштади, заробено судство, криминални проекти со лажен барок и прескап стиропор, денес сме земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ, претседававме со ОБСЕ и кај нас преговара други држави кои меѓу себе имаа отворени прашања а претходно ние преховаравме со други држави по трети места за отворени прашања кои ги имавме со соседите. Затоа денес сме земја фактор на стабилност на Балканот. И за тоа да продолжи мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, и да ја направиме европска држава! “, рече Ковачевски.
Го повика граѓаните на гласањето в среда да го заокружат бројот 1 и да ги поддржат пратеничките листи на СДСМ и коалицијата и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.