СДСМ ОДАМНА СЕ ПРОЧИСТИ ОД ВАКВИ ШЕШЕЉОВЦИ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ, ВМРО ДПМНЕ КОГА ЌЕ ГО НАПРАВИ ТОА?!

0
1247

Професорката, која беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт, пишува дека претседателот на Собранието Талат Џафери го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.

Ристова-Астеруд објасни дека по објавуањето, може да се поднесат тужби до Уставен суд, како и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Таа кажува дека за овој преседан треба да се известат и оние кои дадоа гаранција за Рамковниот договор, односно ЕУ и САД.

-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.