КАТИЦА И ОРЦЕ КАМЧЕВ СИ ДОРФЛУВАА ВО СУД : ХАЛУЦИНИРА ЧОВЕКОТ – ЖЕНАТА ЛУТА

0
1091

Халуцинира човекот, халуцинира, му дофрлала поранешната специјална јавна обвинителка, Катиц Јанева на бизнисменот Орце Камчев на рочиште во Граѓанскиот суд за тужбата за оштетното побарување на бизнисменот Орце Камчев од обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева во случајот „Рекет“. Всушност Камчев си ги бара парите, едне и пол милион евра назад од обвинетите за „Рекет“, Јанева и Јовановски, но не и од Зоран Милевски – Кичеец.

На денешното рочиште, тужителот Камчев ја повлече тужбата против Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да му се исплати штетата.

На денешното рочиште прв исказ даде тужителот Орце Камчев, кој хронолошки ги образложи случувањата преку кои тој смета дека му е нанесена штетата.

– Средствата кои што ми беа изнудени и кои што ги барам како отштета согласно и вештачењето што е доставено, се мои сопствени средства кои што биле предавани преку други лица наведени во постапката, а за кои средства и во вештачењето е потврдено дека се пренесени од мојата трансакциска сметка и за кои средства е платен данок на Република Северна Македонија, рече Камчев.

-Халуцинира човекот, халуцинира, дофрлуваше Јанева.

Камчев пак тврдеше дека Јанева ги меша настаните.

-Жената лута.Јас кажувам кога од затвор ме однесоа во СЈО. Катица Јанева јадеше мекици и сирење во просторијата. Тогаш не ми побара пари и не ми зборуваше за Боки, рече Камчев.

Јовановски во својот исказ истакна дека целосно го отфрла оштетеното побарување.

– Целосно го отфрлам оштетеното побарување од причина што во целост го негирам делото за кое сум правосилно осуден. Пред овој Суд истакнувам, покрај тоа што го негирам делото и покрај правосилната пресуда, дека ќе дојде момент кога ќе се утврди вистинската фактичка состојба. Затоа испраќам апел преку овој Суд и јавноста која е присутна на ова рочиште до највисокиот Суд да овозможи повторување на постапката поради тоа што има многу недоречености и контрадикторности кои за жал денеска претставуваат правосилни факти за чија пресуда денеска сме овде, рече Јовановски.

Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.