🦈🚩ДАЛИ БЛОКИРАНАТА ФИРМА ЗА САЈБЕР-ШПИОНАЖА НА ИВО МАЛИНКОВСКИ Е ЕДИНСТВЕНАТА ФИРМА КОЈ Е ДЕЛ ОД „АЛИЈАНСАТА ЗА НАДЗОР“ ИНТЕЛЕКСА (4 дел)❓

0
1710

Иво Малинковски како 30-годишен сопственик на ИТ друштво за сајбер-безбедност и хедонист како што сака да се нарече на 14.12.2020 година основал идентична фирма како „САЈТРОКС“ (Cytrox) под називот „САЈГНЕТ” ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. 20-ти Октомври, бр. 1/1-1 Скопје – Центар.

🚩Два дена пред светските медиуми да ја објават веста за блокирање на македонска фирма „САЈТРОКС“ на Иво Малинковски од страна на Фејсбук, Мета и државни органи низ ЕУ под сомневање за сајбер – шпионажа на 16.12.2021 година тој го реобновува основањето на Друштвото за развој на софтвер, трговија и услуги „САЈГНЕТ„ ДООЕЛ Скопје❗

Во еден каталог со компании Job Fair 2021година, се гледа дека, фирмата близначка на „САЈТРОКС“ – „САЈГНЕТ“ (Sajgnet) за седиште ја има истата адреса како и блокираната фирма за сајбер-шпионажа – ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, бр. 44 Скопје – Центар, што е различно од официјално пријавената пред надлежните институции во реосновањето од 16.12.2021 година.

🚩🚩Интересен е податокот што самата фирма наведува дека, „САЈГНЕТ“ (Sajgnet) формално е „САЈТРОКС“ (Cyrox).

Фирмата „САЈГНЕТ“ (by Intellexa) за сите информации поврзани со својата работа упатува на веб-страницата, која ни помалку ни повеќе е страницата на „Алијансата за надзор“ „ИНТЕЛЕКСА“ https://www.intellexa.com/ на израелскиот воен разузнавач Тал Дилиан еден од сопствениците на „САЈТРОКС“ (Cytrox).

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6119062948124908&id=100000637902363&mibextid=Nif5oz

🚩„САЈГНЕТ“ во годината на основање (2020) не остварила приходи од работењето, но затоа во 2021 година прикажала приходи од продажба во висина од 91.788.750 денари (1,5 милиони евра), расходи во висина од 86.819.893 денари (1,4 милиони евра), добивка пред оданочување од 5.671.316 денари (93.000 евра) и данок на добивка од 1.032.200 денари (17.000 евра)❗

🚩Дали друштвото „САЈГНЕТ“ на Иво Малинковски, исто како „САЈТРОКС“ и „САЈШАРК“ произведувало и продавало софтвери кои можат да се категоризираат како опрема за следење на комуникации и дали за тоа побарало и поседува дозвола од МВР❓

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6079557722075431&id=100000637902363&mibextid=Nif5oz

ℹ 🚩 Додека не стигне одговорот на ова прашање, едно потсетување: „Зошто Фејсбук и Мета ја блокираа „САЈТРОКС“ на Иво Малинковски и мрежата поранешни израелски разузнавачи на Тал Дилиан?“

„САЈТРОКС“ фирмата која развивала малициозен (шпионски) софтвер за паметни телефони е блокирана поради злоупотребата на социјалната платформа за шпионажа на корисниците. Станува збор една од седумте фирми кои ја искористиле платформата Фејсбук за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји❗

Мета, која покрај Фејсбук, е сопственик и на социјалните мрежи Инстаграм и Ватсап, им забрани на седум компании пристап до нејзината платформа. Отстранети се околу 1.500 профили, кои биле користени за собирање информации за корисници во повеќе од 100 земји. Седумте компании кои Мета ги идентификуваше во својот извештај се „Cobwebs Technologies“, „Cognyte“ „Black Cube“, „Bluehawk CI“, „BellTroX“, и македонската „САЈТРОКС“ (Cytrox).

На македонската „САЈТРОКС“ ѝ биле отстранети 300 Фејсбук и Инстаграм профили кои биле користени „за да се вклучуваат и измамуваат цели“.

Македонската фирма, користела засега непозната ранливост во софтверот на „Apple Inc.“ за да го хакира, развивајќи малициозен софтвер кој делува врз оперативните системи Андроид и ИОС, се вели во извештајот на Мета.

🚩Мета верува дека „САЈТРОКС“ ја злоупотребувала инфраструктурата на легитимни новински ентитети од земјите и имитирале слични УРЛ адреси, нудејќи социјални медиумски услуги со цел да „закачат повеќе корисници“, постапка позната како „фишинг“.
https://about.fb.com/wp-content/uploads/2021/12/Threat-Report-on-the-Surveillance-for-Hire-Industry.pdf

Според истражувањето на Мета, клиентите на „САЈТРОКС“ се од Египет, Ерменија, Грција, Саудиска Арабија, Оман, Колумбија, Брегот Слонова Коска, Виетнам, Филипините и Германија. Софтверот на македонската фирма се вика „ПРЕДАТОР“, а нивна цел биле политичари и новинари ширум светот, вклучително и Египет и Ерменија, а од неодамна и Грција❗

🇪🇺 И покрај алармите од Европскиот Парламент кој преку Анкетната комисија „ПЕГА“ која ги истражува и репортира злоупотребите на малициозните шпионски софтвери „Пегасус“ и „Предатор“ во кој експлицитно сме споменати како држава, до денес ниту една државна институција не одговори на прашања кои бараат одговори, а се поврзани со начинот на работа на неколкуте македонски фирми со исто/слично портфолио, безбедноста на институциите и приватноста на граѓаните.

(Продолжува)

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.