ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО БЛИЗИНА НА ГРАНИЦАТА НА ТУРЦИЈА СО СИРИЈА ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 187 ЛУЃЕ

0
447

Најмалку 111 лица загинаа во Сирија, според најновите податоци на властите како последица од силниот земјотрес со епицентар во соседна Турција, јави телевизијата Ал-Хадас. Најголем дел од жртвите се во пограничните провинции Алепо, Идлиб и Латакија.Сириските државни медиуми јавија дека најмалку 200 се повредени.

Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот по локално време во близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, јави ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри. Во Турција според најновите податоци на властите загинале најмалку 76 лица, а повредени се 440.