ЏАФЕРИ ГО ПУШТИ ПО ВОДА СТРУШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК : НЕМАМ ПРИЧИНА ЗА ДИЛЕМА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА МЕРКО, НА РЕД СЕ ИНСТИТУЦИИТЕ

0
721

Подоцна во официјална изјава за медиумите, Џафери рече дека: ставовите на дипломатските претставништва во земјава не се предмет на оценка на Собранието.

Претходно на брифингот за новинарите за статусот на Мерко во партијата ДУИ, рече дека тоа е лична работа на засегнатото лице и дека тој се изјаснил дека ги става во мирување сите активности во партијата, како член, и последната изјава му е дека институциите треба да делуваат и да се потврди или да се отфрли констатацијата од извештајот на Стејт департментот.

Во однос на поднесување или барање за оставка од градоначалничката фунција на Мерко, исклучување и делувањето на ДУИ, Џафери, кој е дел од највисокото раководство на партијата, упатува на нејзиниот статут. Тој укажува дека сега надлежностите се кај други институции и се додека не се докаже нешто, важи пресумпцијата на невиност.Џафери не сакаше да ги коментира и информациите за купувањето на Соравиа од внукот на Али Ахмети. За тоа има институции, вели Џафери.Според него, нема потреба партијата да прави нешто, туку институциите.