ЌУЧУК : И ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ ДА БИДАТ ВПИШАНИ ВО УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
832

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук денеска по конференцијата на ФОН, изјави дека не само Бугарите, туку и Хрватите и Црногорците сакаат да бидат впишани во Уставот на Македонија.

Во однос на прашањето за реципроцитет и впишување на македонското малцинство во бугарскиот Устав, тој рече дека уставите на двете држави се различни модели.

-Не само Бугарите тука, мислам дека и Хрватите и Црногорците, со чии претставници сум имал средби во Европскиот парламент, сакаат да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа треба да се случи на разумен начин и во рамки на националните процедури. Заедно со тоа, ЕУ треба да ги даде неопходните гаранции. Процесот е долг, гледам дека има волја за разговор на темата, рече Ќучук одговарајќи на новинарско прашање.

Тој не сакаше да даде директен одговор дали е можна европерспектива и решение ако од бугарска страна се негира македонското малцинство таму, а се бара гаранција за Бугарите во Македонија.