Студенти од повеќе младински организации во моментов го окупираат Правниот факултет при УКИМ, по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да помилува 56 лица. Тие бараат Иванов да си поднесе оставка и повикуваат на мобилизација на сите студенти и професори. Тие влегуваат на предавања во амфи театрите и со разглас скандираат „Дојди и приклучи се“.
Во вчерашните протести против одлуката на Иванов, приведени се 12 демонстранти, а меѓу нив има членови на Студентскиот Пленум.
Видео ВО ЖИВО од окупацијата на факултетот може да следите ОВДЕ