АРСОВСКА ЗА ТВ21 : НИТУ ГРАДОТ Е БАНКРОТИРАН, НИТУ МОСТОТ ЌЕ ПАДНЕ, НИТИ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ГОДИНА ДЕНА, ТОА Е ИЗВАДЕНО ОД КОНТЕКСТ, СКОПЈЕ ФУНКЦИОНИРА БЕЗ ПРЕЧКИ

0
582

Во континуитет, повеќе од 12 месеци јавноста се труе со разни дезинформации, шпекулации и отворени лаги во врска со функционирањето на град Скопје.

Ја разбирам потребата од политичка пропаганда, но никако не можам да ја прифатам малициозноста на двете најголеми политички партии и нивните медиумски привезоци кои се ставаат во улога на инструмент со помош на кој се шират овие лаги. Притоа, во ниту еден момент никој од овие актери не се обидел да постави прашање или да се обиде да ја дознае вистината, дотолку повеќе, дури и тогаш кога ќе добијат одговор истиот е извртен и изваден од контекст.

Ниту градот е банкротиран – функционира без пречки.

Ниту мостот ќе падне, ниту пак ќе биде затворен година дена.

Предизвикувањето страв и паника е и кривична одговорност.

За оние кои ги интересира вистината и реалноста, погледнете го моето интервју на 21ТВ.
Фејсбук статус на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска