Заев немал контакт со Зекири последните 20 дена, седиштето на СДСМ е дезинфицирано

0
816

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Економски Лидер вели дека тој во последните 20 дена немал контакт со потпретседателот на партијата Мухамед Зекири кој денеска објави дека е позитивен на ковид-19.

Заев вели дека во седиштето на Бихаќка се преземаат сите мерки и изврпена е дезинфекција.

„Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама. Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција. Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, или пак други мерки кои здравствените власти ќе оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста – вели Заев за Лидер.