ЈОВАНОСКИ : ДЕНЕС ПОТПИШАВ ДОГОВОР ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ СО ПРЕНАМЕНЕТИ СРЕДСТВА ВО ВРЕДНОСТ ОД 49,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВКУПНО 94 ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

0
661

Денеска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје и Охрид.

На мое огромно задоволство, во име на Општина Прилеп го потпишав договорот за изработка на Основниот проект за водоснабдување на манастирскиот комплекс „Трескавец“, со што го решаваме овој долгогодишен проблем кој е од исклучително значење како за манастирот, така и за бројните посетители од нашата земја и од странство.

Преку трипартитната соработка помеѓу Владата, ТАВ и општините, во рамките на оваа програма ќе се реализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп,  Илија Јованоски.