Анкета на Рејтинг: 67,3% центарци сметаат дека Жерновски заслужува да биде повторно избран за градоначалник

0
1090

Општина Центар спроведе испитување на јавното мислење за задоволството на граѓаните од работата на локалната самоуправа. Целите на истражувањето беа да се дознае кои се клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Центар, нивото на задоволство од работата на локалната власт, задоволството од услугите кои ги добиваат во општината, како и моменталните политички преференци. Преку истражувањето се правеше и евалуација  на досега реализираните проекти, а преку низа отворени прашања, граѓаните даваа сугестии за подбрување на работата на општинските власти.

  1. Задоволство и доверба во локалната самоуправа

Најголем дел од граѓаните на Центар имаат доверба во локалната власт. На прашањето: „Дали во локалната власт во општина Центар би рекле дека имате или немате доверба“  високи 72,3% рекле дека имаа целосно или главно доверба. Само 25,3% одоговориле негативно на ова прашање.

П1. Дали во локалната власт во Општина Центар би рекле дека имате целосна доверба, главно имате доверба, главно немате доверба или воопште немате доверба?

grafikon

Слични се резултатите и на прашањето за задоволството од работата на градоначалникот Андреј Жерновски од чија работа главно или целосно се задоволни 71,8% од испитаниците,додека секој четврти испитаник се изјаснил како незадоволен.Вкрстената анализа покажува дека задоволството од работата е присутно кај сите граѓани, независно од политичката партија која ја поддржуваат во моментот. Па така, дури 45% од анкетираните поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ, рекле дека се задоволни од работата на градоначалникот, додека 68% од неопределните граѓани го делат истото мислење. Одговорите на овие две прашања, упатуваат на заклучок дека локалната власт ужива висока поддршка од граѓаните на Центар.

П2. Општо земено, дали од работата на градоначалникот Андреј Жерновски би рекле дека сте целосно задоволни, главно задоволни, главно незадоволни или воопшто не сте задоволни?

grafikon-8

Најголем дел од граѓаните оценуваат дека градоначалникот Жерновски успешно ја реализира ветената програма. Вака се изјасниле 2 од 3 анкетирани граѓани, односно како главно успешно или целосно успешно ја сметаат реализана програмата 67,8% од испитаниците.

П3. Дали ветената програма градоначалникот во овие речиси три години ја реализира успешно или неуспешно?

grafikon-5

Центарци се најзадоволни од изградбата на новата градинка „Кочо Рацин“ во Капиштец, потоа следуваат уредувањето на зеленилата и изградбата на новите паркови, легализацијата на повеќе од 2.000 дивоградби како и асфалтирањето на улиците. Резултати се очекувани. Граѓаните ги ценат капиталните инвестиции како градинката, но и дека зеленилото во Центар е важен сегмент. Заради ова, општината наскоро започнува со реализација на вториот огромен капитален објет, основнот училиште „Капиштец“ кое ќе се наоѓа во истоимената населба. 

П4. Пред вас е листа на досега реализираните проекти од општината. Ве молам изберете три од нив кои лично за вас биле најкорисни. Кажете го и оној што го сметате за важен, а не е споменат.(графиконот ги сумира сите три одговори на граѓаните за топ 10 проекти)

grafikon-7

  • Задоволство од работата на општинската администрација

Речиси половината анкетирани односно 43,9% во изминативе три години барем еднаш ја посетиле општинската администрација со цел да завршат некоја работа. Најголем дел од нив се целосно или главно задоволни од услугата која ја добиле таму. Ова упатува на заклучок дека админстрацијата работи ефикасно и дека граѓаните можат лесно да ги завршат обврските кои ги имаат. На прашањето: „Колку сте задоволни од услугата која ја добивте во општината?“,31,7% рекле дека се целосно задоволни а 38,9% рекле дека се главно задоволни. Но, сеуште има простор за подобрување на услугите и истражувањето дава добар поттик за унапредување пред се на комуникацијата со граѓаните како и достапноста на услугите.

П5. Колку сте задоволни од услугата која ја добивте во општината?

grafikon-2

  • Политички преференци на граѓаните на Центар и оценка за работата на советниците

Доколку утре би се одржувале локални избори во Центар, високи 67,3% од граѓаните сметаат дека градоначалникот Андреј Жерновски заслужува повторно да биде избран за градоначалник.Градоначалникот е задоволен од ваквиот резултат, но вели дека оваа поддршка е и голема одговорност, особено во последната година од овој мандат. Најавува уште поактивна работа во 2016 година со цел да ја оправда оваа доверба на центарци.

П6. Доколку утре би се одржувале локални избори, дали актуелниот градоначалник Андреј Жерновски заслужува да биде реизбран?

grafikon-6

СДСМ би добила значително повеќе гласови од ВМРО ДПМНЕ доколку локалните избори би се одржувале утре. Истражувањето покажува зголемување на рејтингот на СДСМ во однос на последните локални избори пред три години: Доколку утре се одржуваат локалните избори во Центар, за која партија би гласале?

П7. Доколку утре се одржуваат локланите избори во Центар, за која партија би гласале?

grafikon-3

Во претстојните денови ќе се анализираат детално резултатите и согласно наодите, ќе се изготви план за реализација на проекти и со цел решавање на клучните проблеми на граѓаните. Во план се средби со граѓаните, пред се во населбите и месните заедници каде се детектирани поголеми проблеми во одредени сегменти на работењето на општината. Преку овие средби, градоначалникот и советниците ќе се запознаат детално со проблемите и ќе се подготваат соодветни мерки и решенија.

Ова истражување ќе се реалзира секоја година а резултатите ќе се користат за реализација на проекти од интерес на граѓаните и подготвување на ефективни стратегии согласно потребите на центарци.

Истражувањето беше реализирано по пат на теренска анкета со метод  „лице в лице“ и беа анкетарани вкупно 800 граѓани. Примерокот беше дизајниран да биде репрезентативен, при што пропорционално беа опфатени граѓаните на сите месни заедници во општината.

Истражувањето за потребите на општината го реализираше Агенција Рејтинг.