(ВИДЕО) БРАВО ЗА ЦУЛИ СОФИЈАНОВА : ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ДЕТЕ СО ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕА И НЕЈЗИНИОТ ТИМ Е ИСПРАТЕНО НА ПРЕСАДУВАЊЕ КОСКЕНА СРЦЕВИНА ВО ТУРЦИЈА

0
1842

Социјалните мрежи викендов се преплавени со честитки и благодарности до докторката Аспазија Софијанова – Цули од Детската клиника и нејзиниот тим оти во петокот со, како што велат, натчовечки напори, во последен момент успеале да испратат двегодишно дете на операција во Турција.

Софијанова за „Макфакс“ објасни дека девојчето со неспецифична ретка болест блиска до леукемија, било пациент на Универзитетската клиника за детски болести од мај годинава. Било сместено на онколошкиот оддел, а последниве денови пред да замине, по влошувањето на состојбата, било симнато на одделот за интензивна нега. Тука му ја следеле состојбата додека траеле преговорите за операција на коскената срцевина. Успеале да најдат соодветен донор на клиника во Турција, а итноста ја забележала Софијанова, која во петокот попладне на дежурство забележала дека се бројат часови до моментот кога ќе стане неопходно детето да биде ставено на апарати оти му се влошувало дишењето.

Извор : МакФакс