Јовановиќ за 27 април: Сакаа да убијат. Целта им беше таа

0
1245

Тоа што четворица функционери на ВМРО ќе одговараат за обид за убиство е факт. Прво, додека траеше пучот во Собранието на 27-ми април, да се потсетиме, обидот за убиство изгледаше фантастично и надреално, луѓето навистина се прашуваа дали овие се спремни да убијат. Второ, падна во вода констатацијата на Груевски која гласеше, „ако сакаа да го убијат, ќе го убиеја“.

Сакаа да убијат. Целта им беше таа. Скривајќи се позади таканаречениот народот, целта им беше да убијат. И сигурен сум дека ќе го повторат истото ако ние не ги научиме историските поуки: груевизмот е најлошото нешто кое можеше да и’ се случи на оваа земја во поновата македонска современа историја.

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ