Згодната Матилде, ќерка на стратегот на Манчестер Јунајтер Хозе Мурињо се забавува до зори на хрватските крајбрежја

0
1826

Хрватското крајбрежје секоја година привлекува сè поголем број светски ѕвезди, а ова лето таму ужива и 18-годишната ќерка на фудбалскиот стручњак Жозе Мурињо.

Матилде го привлече вниманието на светската јавност кога минатата година го придружуваше својот татко во исклучително краток фустан со екстремно деколте на доделувањето на наградите „Џеј Кју“.

Многумина коментираа дека славниот татко ѝ дозволил на едвај полнолетната наследничка таква да се појави пред медиумите, а извори блиски на семејството велат дека тој нејзе се ѝ дозволува. Па така, ја пушил и ова лето да се забавува со момчето и тоа на фестивалот „Ултра“ во близина на Сплит.

Овој фестивал е омилен меѓу љубителите на електронската музика, а надалеку е познат по лудите забави кои траат до утринските часови.

Згодната Матилда се забавувала во ВИП зоната на фестивалот, за која издвоила 400 евра, пишува „Слободна Далмација“. Друштво ѝ правеле пријателите и момчето, а неколку детали објавила на Инстаграм.

Screenshot_18 matilda murinjo1 matilda murinjo