ЈАКИМОВСКИ : ПО НАЛОГ НА МИЦКОСКИ СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО ГЛАСАА ЗА ЗГРАДА ОД 18 КАТА ВО ЦЕНТАР, АМА БЛОКИРААТ ИЗГРАДБА НА ПОМАЛА ЗГРАДА ВО КОЗЛЕ?!

0
756

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека по негов налог, советниците во општина Центар гласале за изградба на зграда. Тој вели дека изгласан е план со кој е предвидена изградба на 18 катница, чија вредност е 23 милиони евра.

„Според твоите пресметки ако за зграда од 12445 м2 се заработи осум милиони евра, колку ќе се заработи со зградата што по твој налог ја гласаа советниците на ВМРО ДПМНЕ, спроти East Gate во Крњево, која има 18 спрата и вкупно развиена површина од 33724м2. Според твојата весела математика, ако во Козле се заработи осум милиони евра, од оваа што ти и твоите советници ја гласавте ќе се заработат 23 милиони евра“, изјави Јакимовски.

Тој јавно прашува кој е интересот на Мицковски.

„Во Козле, на парцела од 4700м2 ќе се гради зграда со 12445м2, значи односот е 1 спрема 3, компарирана парцелата со станбената површина што ќе се изгради. На парцелата што ти ја поддржа, спроти Македонска Телевизија или во Крњево има земјиште од 7200м2, а ќе се добие станбена површина о 33724м2. Значи односот земјиште – станбена површина за градба е 1 спрема 4.5“, стои во реакцијата на Јакимовски.

Според Јакимовски овој објект е предвидено да се гради на место кој што во моментов е јавен паркинг.

„Како што милуваш да кажеш, се загрозува јавниот интерес, а во Козле ќе се гради на место каде што сега има стовариште и дополнителен бенефит за граѓаните е улицата која што ќе ја поврзе Козле со Адолф Циборовски. Очигледно контаминацијата од East Gate те држи. И таму се инаетеше и не подржуваше градби за да на крај дадеш поддршка.

Некои велат, откако си лапнал бајадера. Јас нема да се кријам зад твитерџија и да ти праќам флаери, еве ти го флаерот направен од мене и народот нека ги спореди и двата и нека каже кој е полош, ти или јас. Кој работи во свое име и за своја сметка, а кој работи во интерес на општината и граѓаните“, стои во реакцијата на градоначалникот на Карпош.