СИТЕ НЕ МУ ЧИНАТ : МИЦКОСКИ ЈА НАПАДНА ЛЕВИЦА, БИЛА ВО КОАЛИЦИЈА СО ВЛАСТА

0
518

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ наместо да го обединува опозицискиот фронт за пад на власта на СДСМ и ДУИ, повторно јавно напаѓа опозициска партија, овојпат Левица. Според Мицкоски Левица е во коалиција со власта, а ДУИ работи за Левица и му задава удари на ВМРО-ДПМНЕ.

– Секогаш ДУИ напаѓаат дека ВМРО-ДПМНЕ било во коалиција со Левица. Тоа го прават само поради една причина, во очите на македонските гласачи Левица да ја направат жртва дека ги напаѓаат криминалците на ДУИ и на тој начин да му зададат удар на ВМРО-ДПМНЕ од десно.

Ај прашајте Левица со кого е коалиција во Скопје, Битола, Ѓорче Петров, рече денеска Мицкоски.