СКАНДАЛОТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА ДОБИВА НОВИ ДИМЕНЗИИ: ФИРМАТА БЕСА ТРАНС ДАВАЛА ФАЛЦ ИЗВОДИ ОД ЛИЦЕНЦА ЗА НЕРЕГИСТРИРАНИТЕ АВТОБУСИ НА ЦАРИНА И НИКОЈ НИШТО НЕ ПРОВЕРУВАЛ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ

0
1368

“Во Царинската управа евидентирани се изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на Беса транс кој повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава, но најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи” –  изјави денес директорката на Царинската управа, Славица Кутиров за скандалозното однесување на вработените во Царината кои што по закон се должни да ги проверуваат документите за секое возило кое што влегува и излегува од државата.

“Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи” – рече таа.

Таа додаде дека потоа е направена и внатрешна контрола во Царинската управа при што се санкционирани царинските службеници кои таа вечер биле на смена. Ова е показател дека само ситните риби се казнети за да се ограничи штетата за надлежните во таа институција.