ОРЦЕ КАМЧЕВ БЕЗМИЛОСНО ЈА ПРОДАВА ИМПЕРИЈАТА ЗА ЏАБЕ КАКО ДА ЈА СПЕЧАЛИЛ СО НАРОДНИ ПАРИ : За 6,7 милиони евра ја продава биогасната централа во Логоварди во која заедно со фармата беа вложени 20 милиони евра

0
1333

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, кој е во сопственост на Орце Камчев, ја продава биогасната централа во битолското село Логоварди која пред три години при пуштањето во употреба беше најавена како енергетска оаза во срцето на Пелагонија. Продажбата е објавена на Македонска берза каде пишува дека ЗК „Пелагонија“ го продава својот 100 процентен удел во компанијата „Пелагонија Енерџи Дооел“ по номинална вредност од 413.913.100 денари (околу 6,7 милиони евра).

Во 2016 година кога сопствениците во придружба на претставници од тогашната власт ја сечеа црвената лента беше кажано дека инвестирани се 20 милиони евра во централата која е врзан систем со современата фарма од каде набавува суровини за работа, пренесе СДК.