ЈАКИМОВСКИ : МИЦКОСКИ ИМА ПРОБЛЕМИ СО СЕБЕ, НЕ ДОЗВОЛИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РЕСТОРАН И ОТВОРАЊЕ НА „ТИНЕКС“ ВО ВЛАЕ

0
568

Господинот Мицкоски има проблеми сам со себе. Него таму му пречи што има и кафуле, интервенираше да не биде продолжен ресторан дека ќе имало галама, па сопственикот се откажа од намерата. Изрази желба и „Тинекс“ да отвори објект, па повторно Мицкоски изрази загриженост дека ќе се паркирале многу автомобили и нема да може да оди дома, па и од таа идеја се откажа сопственикот, истакна во Студио 10 на ТВ24, актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски.

Со новиот генерален план, таму е дозволено вдомување, а со претходниот план таму е вцртана зграда. сега му смета и зградата, вели градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски за тоа дали е планирано да се изгради нова улица во населбата Влае речиси пред домот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јакимовски вели дека тој не го смислил тоа, туку сообраќајните инженери поради тоа што има „закрчување“ на сообраќајот.

Улицата Есперанто треба да оди право и да се сече под прав агол со улицата Вангел Димов и оддалеченост околу 100 метри од раскрсницата на Партизанска. Лажат дека се зема од школскиот двор. Шират невистини или дека сообраќајницата ќе биде опасност за децата. Не држи дека со изградбата на улицата ќе се загрозелна безбедноста на децата, рече Јакимовски во емисијата „Студио 10“, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има најслаб претседател во историјата на нивното постоење.