Берлин преку Алтхаузер го запука тоа ФИКУСОТ на Водно : Колку поголем непријател е Иванов за Германија, толку поголема чест за мене

0
1166

Коментарот е реакција на изјавата на Иванов, во која тој ја обвини дека пренесува лаги и невистини од Македонија во Германија.

Колку поголем непријател, толку поголема чест за мене, е коментарот на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на вчерашната изјава на претседателот Ѓорге Иванов, во која тој ја обвини дека пренесува лаги и невистини од Македонија и дека како резултат на тоа, Министерството за надворешни работи на Германија испраќа лоши соопштенија, објави Макфакс.

Коментарот Алтхаузер го даде на македонски јазик откако претходно нагласи дека вчера беше многу важен ден за Македонија и дека наспроти изјавата на претседателот таа секогаш има добра комуникација со него, а на дневна основа, пак, таа одлично комуницира со Министерството за надворешни работи на Германија.