ЈАКИМОВСКИ : АКО МИЦКОСКИ КАЖЕ КОГА ЈА НАПРАВИЛ ПРВАТА ХИДРОЦЕНТРАЛА ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА МУ Е БАТКО НА ДРИН АХМЕТИ

0
778

Вчера во oпштина Kарпош имавме настан без преседан во организација и режија на ВМРО-ДПМНЕ, обвини градоначалникот Стевчо Јакимовски.

– Христијан Мицкоски наместо да организиран протести пред Владата, тој организира протести кај опозицијата и тоа за измислен проблем, за улица што ја проектирал Коце Трајановски, ја потврдил Миле Јанакиески, да го обвинуваат Стевчо Јакимовски. Како наводно јас ќе направам улица со која што ќе го срушам шеталиштето што јас сум го направил, фонтаната што јас сум ја направил, ќе ги срушам дрворедите, клупите што јас сум ги направил, кажа Јакимовски.

Како што соопшти градоначалникот тоа се улици направени согласно генералниот план и ние само ги преземаме од генералниот план.

– Сите барања на граѓаните беа испочитувани и беа викнати на повторен состанок дали е тоа така како што барале. Тие ни потврдија. Има лаги дека ќе има згради. сето тоа го направи Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно многу го пече прашањето на хидроцентралите и ако го прашате на колку години ја направил првата хидроцентрала и ако каже, ќе видите дека му е батко на Дрим Ахмети, не е многу постар од него, додаде градоначалникот Јакимовски.