БИЛ НИКОЛОВ И ДЕЛ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА ВО КАНАДА ГИ БОЛИ СТАП ЗА ТОА КОЛКУ ЖРТВИ ИМА ВО ЗЕМЈАВА ОД КОВИД 19 АМА МОРА ДА ФРЛААТ ДРВА И КАМЕЊА ПО ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА И ДА СОЛАТ ПАМЕТ ЗА НАЦИОНАЛИЗАМ

0
731

Ниту еден политичар, дипломат, бирократ или новинар со кој сум се сретнал не ми одговорил потврдно на прашањето дали би се откажале од својот идентитет. Но сепак, бараат од мене да се откажам од мојот идентитет. Се обидуваат да ме убедат дека присилното преименување на Македонија, редефинирањето на македонскиот идентитет и буквалното препишување на македонската историја е „голем успех бидејќи со тоа се разрешува еден дипломатски спор“. Со тоа ми кажуваат дека мојата етничка група е помалку важна од нивната.

Во вештачки наметнатиот „спор за името“ – за кој Грција признава дека го измислила со цел да ги избрише Македонците како етничка група – Грците (а подоцна и Бугарите) го блокираа приемот на Македонија во ЕУ и НАТО и бараа Македонија да го смени своето име, идентитет и историја и да се преименува во „Северна Македонија“ населена со „Северномакедонци“. Во исто време бараа Грција и Бугарија да можат да преземат изразот Македонија, зависно од контекстот во кој се користи. Дополнително, македонската историја се фалсификува од грчки и бугарски „исоричари“ со цел да ги отсликува грчките и бугарските анти-македонски ставови. Во случајот на Бугарија, тие бараат дури и ревидирање на еврејската историја (не се шегувам) за да го прикријат своето анти-семитско минато.

Сето ова требаше да стави точка на „спорот“ за името уште на самиот почеток. НАТО и ЕУ требаше да им укажат на своите членки Бугарија и Грција дека тоа што го бараат преставува брутално кршење на човековите права (уште подобро ќе беше да ги исклучеа од членство). Но, НАТО и ЕУ решија да им помогнат во спорот против Македонија, а се со цел да го зголемат своето членство. Гореспомнатите групи политичари, новинари и слични на нив – кои упорно зборуваат дека се заштитници на човековите права, демократијата и владеењето на правото – требаше да ја осудат дволичноста на ЕУ и НАТО.

Ако не можеа да го сторат тоа, можеа барем да се стават на наше место. Дали ќе ликуваа при бришењето на нивната етничка група? Не. Така доаѓаме до заклучокот дека ги сметаат Македонците за нелегитимен народ кој не е рамноправен со нивните. Дали некој од нив конечно ќе ја прифати мојата покана и јавно ќе ми каже зошто го мисли тоа?

Бил Николов, Претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права

Ве молиме препратете го и споделете го ова со сите ваши контакти, вклучително и тие кои не се Македонци. Единствен начин да добиеме поширока поддршка е ако разни групи луѓе се стават на наше место и почувствуваат како ни е. Да го смениме наративот – да обезбедиме поддршка од сите страни за да го поништиме наметнатото преименување на Македонија.


— Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ктивно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. ММДЧП бара да се почитуваат македонското име, идентитетот и човековите права на угнетените Македонци низ Балканот. За повеќе информации: 1-416-850-7125[email protected]www.mhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmiinstagram.com/MacedonianHumanRights#НашетоИмеЕМакедонија