ГРАД СКОПЈЕ : БУЛЕВАР ,,БОРИС ТРАЈКОВСКИ” УВИД ВО РАБОТА

0
379

Почитувани,

Денес извршивме увид на изградба на булевар „Борис Трајковски“ на потег од крстосницата кај населба Пинтија до мост на Маркова река со должина од 2325 метри и изградба на нов кружен тек пред мостот со дијаметар од 20 метри.

На потегот се изведува нова атмосферска канализација со вкупна должина од 2270 метри, пешачки патеки од двете страни на булеварот, изградба на велосипедска патека и ново осветлување по долж на целата траса.

Работиме активно на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од непланскиот почеток на работата на овој булевар. До сега оваа администрација на градот Скопје реши предмети за експропријација во вкупна површина од 37.047 м2, а во тек е експропријацијата на останатите 10.988м2.