ЃУБРИЊА, ПСИХОПАТИ: СВЕДОЦИТЕ НА ПРЕТЕПУВАЊЕТО ГО ОСТАВИЛЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИОТ РАКОМЕТАР ЦЕЛ ЧАС ДА ЛЕЖИ НА ЗЕМЈА ПРЕД ДИСКОТЕКАТА И ДА УМИРА

0
975

Истражната постапка што ја води скопското обвинителство треба да ги даде одговорите на прашањата која била причината за нападот врз хрватскиот ракометар, Денис Тот што се случи минатата недела пред дискотека во скопскиот градски парк.

Според првичните инфрормации коишто ги добила полицијата од изјавите на сведоците причина за нападот било лично недоразбирање меѓу деветнаесетгодишната девојка која сега е осомничена и е во притвор и убиениот ракометар.

Пријавата за Тот полицијата ја добила од Клиничкиот центар во 4 рано наутро на 7 април, каде веднаш биле упатени полициски екипи кои потоа барале информации од Брза помош за да видат од каде бил подигнат човекот.

Потоа полицијата излегла на лице место и почнала со проверка на камерите од „Сејф сити“ од коишто се утврдило дека станува збор за насилна смрт.

На информативен разговор биле повикани повикани и управителот на дискотеката и вработена во четвртокот на пладне, но и сите лица кои биле од интерес на истрагата.

-Информацијата пласирана прва во јавноста се базира токму на увидот и анализата што ја направиле медицинските лица во Клиничкиот центар. Инаку, истражните дејствија продолжуваат понатаму се до моментот на расчистување, појаснуваше Спасовски кој со индигнација го отфрли сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај, застој во истрагата.

-Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата, во врска со починатиот хрватски ракометар Денис Тот, рече Спасовски.

Сите предмети од настраданиот и од осомничените лица се преземени кај истражните органи, тие ќе бидат вештачени.

-Институтот за судска медицина ја вршеше обдукцијата и ги даде резултатите и тие се дел од истражниот процес. Полицајци не присуствуваат на тој процес, туку Институтот ја врши обдукцијата. Имаме земено облека што ја носел, телефон и сите предмети што биле со него тој момент, изјави министерот Спасовски.

Првоосомничениот за убиството, Анџело Ѓорѓиевски е во бегство и според досегашните инфромации на МВР, тој нема избегано надвор од земјава, но за него ќе биде распишана и меѓународна потерница.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како ракометарот го напаѓаат и го удираат додека лежи. Нападот го гледаат повеќемина сведоци и никој не реагира. На нашето прашање до обвинителството дали немите набљудувачи ќе одговараат, од обвинителството велат дека кривична одговорност ќе понесат сите за кои ќе се утврди дека сториле кривично дело.

Она што зачудува во случајот е што никој од присутните не пријавил во полиција и ракометарот на Клиника бил однесен еден час подоцна.

-Сите снимки од видео надзорот во критичниот момент на наведената локација се обезбедени и се анализираат. Со објавата на видео снимките на ниту еден начин не може да се наштети или да се влијае врз постапката. Сепак, апелираме за воздржаност при објавата и споделувањето на видеата, чија содржина може да биде вознемирувачка за јавноста, а особено за семејството и блиските на починатиот. Јавното обвинителство во целост ќе го расчисти настанот, а кривична одговорност ќе понесат сите за кои ќе се утврди дека сториле кривично дело, велат од Обвинителството за „Фокус“.

За нападот на Тот осомничени и во притвор се девојката и нејзиниот дечко, а првоосомничен е Ѓоргиевски.